Изложба на Фотосојузот на Македонија

Од:

Фотосојузот на Македонија вечер во Мултимедијалниот центар Мала станица во рамки на „Скопско лето“  ќе ја отвори 51. изложба Денови на македонската фотографија. Ќе бидат претставени најквалитетните фотографии од Македонија, од продукцијата 2012-2013 година.

– Во развојот на фотографијата во Македонија посебна улога одигра создавањето на голем број фотоклубови, како и работата на самостојните автори, па се јави потребата тој творечки опус да се прикаже целовито во една годишна изложба, како и да се внесат нови содржини интересни за публиката.

– Непрекинатото постоење на оваа манифестација повеќе од половина век е потврда дека македонската фотографија, која постои на ова тло веќе 160 години, е во подем и нејзиното високо реноме во странство не е случајно, соопшти Фотосојузот на Македонија.

Во рамки на Деновите на македонската фотографија, утревечер  во галеријата „Остен“ ќе биде претставена и колекцијата „Бисери на српската фотографија“, а ќе се одржат и други придружни настани – работилници, перформанси, презентации.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „ЕЛЕМА 2023“

Ана Ололовска

Промоција на монографија „АКТ – Театарот низ фотографии”

Ана Ололовска

Во Кичево отворена изложба на фотографии со ликот на Тоше Проески

Ана Ололовска

Изложба со фотографии кои го претставуваат мултикултурализмот во Струга

Ана Ололовска

Изложба на фотографии за човековите права во „Ист Гејт Мол“

Ана Ололовска

Годишна изложба на членовите на фото клубот „Чкрап“ од Тетово

Ана Ололовска