Изложба на фотографии за човековите права во „Ист Гејт Мол“

Од:

Изложбата на фотографии, насловена „Денес изгледаш убаво“ денеска беше поставена во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ во Скопје по повод Меѓународниот ден на човековите права и ќе трае до 10 јануари 2022 година.

-Преку насловот „Денес изгледаш убаво!“ изложбата се фокусира на очите на извонредните личности, секојдневните херои и инспиративните активисти за промени – луѓе кои секојдневно се борат за своите права и за правата на другите, објаснуваат организаторите.

Изложбата е организирана од Делегацијата на Европската Унија заедно со Јуроп Хаус Скопје и има за цел да ја промовира основната вредност на почитувањето на човековите права и да повика на прифаќање на разликите како клуч за постигнување еднаков третман.

-Изложбата „Денес изгледаш убаво!“ се фокусира на 12 луѓе од нашите средини кои дејствуваат како двигатели на промените на дневна основа – било да е тоа поради начинот на кој се родиле или поради начинот на кој избрале да го живеат својот живот. Тие се студенти, сопственици на кафулиња, антрополози, кандидати за докторанти, пијанисти, вработени, членови на семејството и пред се – сите се луѓе и еднакви. Со ставање на нивните очи во центарот на вниманието, изложбата не само што ја истакнува нивната убавина туку има и намера да го прикаже светот од нивна перспектива, велат организаторите на изложбата.

Протагонистите на изложбата се: Јулијана Петровска – лице со Даунов синдром; Дениз Селмани, член на ромската граѓанска иницијатива „Аваја“; Андон Дамовски, социјален работник; Мерсиха Смаиловиќ, активист за човекови права; Тасим Мавмути, член на ЛГБТИ заедницата; Ивана Атанасовска – лице со ретко заболување (цистична фиброза); Лила Милиќ – трансродово лице; Ема Ананиевска – лице со целосно оштетен вид; Радмила Периќ и Мартин Ангелов – лица со оштетен говор и слух; Симона Јовеска – лице со телесен инвалидитет; Ерато Нора Кардула – лице со аутизам и Елена Петровска – ЛГБТИ активист за човекови права. Фотографиите се на Татјана Ранташа, а дизајнот го изработи Зоран Кардула.

–Очите кои имаат право да бидат прифатени без разлика на нивната специфичност може да се види во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ во Скопје од 10 декември 2021 до 10 јануари 2022 година. Тие понатаму ќе бидат дел од календарот на Делегацијата на ЕУ за 2022 година, соопштуваат организаторите на изложбата.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „ЕЛЕМА 2023“

Ана Ололовска

Промоција на монографија „АКТ – Театарот низ фотографии”

Ана Ололовска

Во Кичево отворена изложба на фотографии со ликот на Тоше Проески

Ана Ололовска

Изложба со фотографии кои го претставуваат мултикултурализмот во Струга

Ана Ололовска

Годишна изложба на членовите на фото клубот „Чкрап“ од Тетово

Ана Ололовска

Изложба на 30 црно-бели фотографии на Станко Абаџиќ во Скопје

Ана Ололовска