Изложба на фотографии од Јана Луловска во Кавадарци

Од:

Во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ од Кавадарци, синоќа беше отворена изложба на фотографии од авторката Јана Луловска, насловена „Корелација”.

Изложбата се состои од 16 фотографии направени во необична техника, гумитипија.

– Станува збор за една од најстарите фотографски техники. Експериментална и аналогна техника. Процесот е многу бавен, се е рачна изработка. Се работи за хартија што не е фотографска, значи не е фотосензитивна. Се нанесува емулзија која е првенствено заштита на хартијата. Емулзијата се суши и потоа се нанесува друга емулзија, која е фотосензитивна, осетлива на светлина, појасни авторката.

Нагласи дела сето тоа се работи во апсолутна темница, со можна пригушена светлина.
– Кога ќе се исуши емулзијата, се експонира филмот и потоа се развива во чиста вода. Откако ќе се развие фотографијата, се суши и потоа се повторува истиот процес од почеток, се додека да се постигне последниот сакан ефект, за да се добијат сите различни тоналности, рече Луловска.

Таа информираше дека процесот е долг, едно развивање е триесетина минути.

– Наликува на акварел, тоа е првичното нешто што многу ме привлече мене како фотограф, тоа што самиот финален продукт не наликува на класична фотографија. Затоа што се работи со пигмент. Во самиот хемиски процес се користат хемикалии кои прават хемиска реакција и се зацртува сликата, но се користи и пигмент, за да се добијат различни бои, соопшти Луловска.

Во случајов таа ги користи црвената и сината боја. – Ги избрав, за да наликува на 3Д очила. Затоа што, концептуално , една од појдовните точки ми беше да го изразам самиот процес на гледање. Затоа се две исти копии на еден ист кадар. Ние луѓето добиваме информации од надворешниот свет преку две слики кои праќаат информација до мозокот. Мозокот ја преработува таа збирна информација и добиваме формирана слика, рече авторката на фотографиите.

Изложбата организирана од културниот дом и со поддршка на Министерството за култура и Младинскиот културен центар од Скопје, е во рамките на манифестацијата “Кавадаречка културна есен”.

Јана Луловска е родена во 1986 година во Скопје. Завршила уметничка и приложна фотографија на Националната Академија за театарска и филмска уметност „Крсто Сарафов” во Софија, Бугарија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат