Изложба „Ана Франк – историја за денес“ во ОМЦ „Киро Глигоров“ Штип

Од:

Патувачката изложба „Ана Франк – историја за денес“ на триесетина изложбени панели донесува бројни детали од животот на еврејското девојче и нејзиното семејство на крајот на Втората светска војна, но и го актуелизира прашањето за повторната појава на нацистичката идеологија во современиот свет.

Изложбата е остварена во склоп на проектот Хисторија, историја, повјест, а организатори се Младински образовен форум и Куќата на Ана Франк од Амстердам.

Девојчето, во целиот свет препознаено како симбол на детските жртви на холокаустот, е родено во Франкфурт на Мајна во 1929 година. Четири години подоцна со семејството се сели во Амстердам, по што во Германија на сила стапуваат противеврејските закони. Кога и животот во Амстердам станува сè поопасен за Ана и нејзиното семејство, тие се селат во тајното скривалиште каде што Ана во текот на две години пишува дневник. Во август 1944 година е забележан последниот запис во дневникот, а набргу е откриено и скривалиштето во кое се криела со семејството. Петнаесетгодишната Ана умира во логор. Единствениот преживеан член на семејството е Ото Франк, нејзиниот татко, кој го објавил нејзиниот дневник.

Посетителите низ изложбата ќе ги водат посебно обучени ученици водичи, волонтери на изложбата.

Изложбата „Ана Франк – историја за денес“ е бесплатна и отворена за јавноста од 20.02.2018 г. до 06.03.2018 г., во просториите на Општински Мултимедијален центар „Киро Глигоров“ во Штип, каде ќе се одржуваат и организирани групни посети за средните и основните училишта.

Отворањето на изложбата ќе биде утре, на 20.02.2018 г., во 18:00 часот во Општински Мултимедијален центар „Киро Глигоров“ Штип.

Би можело да ве интересира

Копија од првото издание на дневникот на Ана Франк продадена за 3.100 евра

А1он

Ана Франк најверојатно била предадена од еврејски нотар

Ана Ололовска

Изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ во Крива Паланка

Наум Локоски

Отворена изложба „Ана Франк – лекции за денес“

Наум Локоски