Интернационален фестивал на монодрама „Битола 2017“

Од:

Последниот натпреварувачки ден на интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2017“ ќе почне со монодрамата „Ирена или неможам повеќе“ во изведба на актерката Мирел Кнез од словенечкиот театарски институт-Љубљана, а во 20 часот ќе настапи германскиот актер Вили Шлутер кој ќе ја изведе монодрамата „Одисеј“ од Лим Норевиг.

Изведбата на монодрамски остварувања во конкуренција завршува во 23 часот кога ќе настапи битолчанецот Александар Димитровски, актер во драмското студио „Солза и смеа“.

– Лолита е претстава која ме натера да го откријам талентот во себе и желбата да бидам актер. Лолита е претстава која тешко се игра во тежок жанр како што е монодрамата, но јас сум подготвен тоа да го издржам. Делото на Владимир Набоков го режирав и е заедничка продукција на Драмското студио „Солза и смеа“, НУ Центар за култура и НУ Народен театар-Битола, истакна актерот Димитровски пред вечерашниот фестивалски настап.

Интернационалнiot фестивал на монодрама „Битола 2017“ завршува утревечер со доделување на наградата „Гран при“ и награда од публиката, а во чест на наградените ќе биде приреден концерт на театарска музика под наслов „На светов убавина“ на композиторот Горан Трајкоски.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Инцидент во детска градинка во Битола

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски