Во склоп на проектот Креативен викенд во селото Лазарополе во јунското издание се одржа Сликарската работилницата, на која партиципираа млади независни уметници кој се изразуваа преку најразлични медиуми, техники и без ограничување во прекрасниот амбиент на селото Лазарополе.
Главната цел на оваа работилница, покрај безусловното заедничко творење и зацврстување на локалната млада, независна ликовна сцена, беше и создавање дела кои потоа ќе бидат изложени на аукциска и донаторска изложба наменета за собирање средства за лекување на младата поетеса и авторка Искра Донева, исто така учесничка на еден од креативните викенди.
Резултатите од оваа работилница, кои патем ќе бидат продажни, ќе можете да ги проследите на оваа изложба, а воедно преку донирање ќе помогнете да се оствари животниот сон на Искра.