Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, Македонската филхармонија и манастирот „Св. Јован Бигорски“ вечер во Универзалната сала ќе одржат хуманитарен духовен концерт со наслов „Страдања Господови“.
На концертот, кој е под диригентската палка на Ле Фи Фи, како солисти ќе настапат поп-пејачот Димитар Андоновски, монахињата Касијана од манастирот во Рајчица, хорот на свештената Бигорска обител, како и специјален гостин од Грција.
Автор на оркестрација на циклусот „Пасхално ехо“ е Живојин Глишиќ, а на циклусот „Господови страдања“ Владимир Димовски.
Приходот од влезниците ќе биде наменет за санација на опожарените конаци во манастирите „Трескавец“ и „Свети Јован Бигорски“. Водител на концертот ќе биде познатиот македонски актер Владо Јовановски.