Хорот „Злата Мегленска“ со две први и едно второ место на натпревар во Рига

Од:

Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ освои две први и едно второ место на Светските хорски игри што од 9 до 19 јули се одржаа во Рига, Летонија, европската престолнина на културата за 2014 година.

Со поддршка од Министерството за култура, хорот како единствен претставник од Македонија се натпреваруваше во три категории: световна музика, црковна а-капела и фолклор.

Македонските претставници освоија прво место во категоријата световна музика во конкуренција од 34 хорови и во категоријата фолклор каде што се натпреваруваа 38 хорови од разни држави во светот. Второто место го обезбедија во категоријата црковна музика каде настапија во конкуренција од 36 хорови од Русија, САД, Германија, Кина, Шведска, Летонија, Јужна Африка, Венецуела и Романија.

На Хорската олимпијада, што годинава се одржа по осми пат, учествуваа повеќе од 460 хорови од 60 земји.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот