Хорот „Вива вокс“ настапува на Мајски оперски вечери

Од:

Во рамките на 44 Мајски оперски вечери, во сабота, 14 мај, со почеток во 20 часот, концерт ќе одржи популарниот хор, „Viva Vox“, од Белград.

Основан е пред 10 години од страна на група средношколци и нивната професорка и диригент Јасмина Лорин. Името го добива во 2005 година, а во 2009 година во нивните изведби хористите воведуваат „битбокс“, техника која заедно со специфичните аранжмани на песните кои ги изведуваат го формира уникатниот звук на хорот по кој се познати насекаде низ светот.

13199333_10209604263318622_516486123_o

Стилот на изведба на хорот „Viva Vox“ поминува низ повеќе трансформации, но денес тоа е уникатен микс на автентични акапела интерпретации на поп-рок и алтернативна музика надополнета со битбокс.

Нивно најголемо достигнување е настапот во концертната сала на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во 2013 година како дел од прославите на Православната нова година. Вива вокс се единствена музичка група од регионот која добила шанса да настапи во средиштето на Обединетите нации, со што се придружува на малкумината големи уметници на кои им била укажана ваква чест. Хорот исто така настапува и во големата сала на плоштадот Тјананмен во Пекинг.

Би можело да ве интересира

„Аида“ ги затвора 47. Мајски оперски вечери

Ана Ололовска

„Лучија од Ламермур“ вечер во МОВ

Ана Ололовска

Операта „Лучија од Ламермур“ на 15 мај

Ана Ололовска

Мајски оперски вечери: Промоција на монографијата за Зина Креља и изведба на „Турандот“

Ана Ололовска

Почнуваат 46. Мајски оперски вечери

Ана Ололовска

Со „Аида“ вечер ќе бидат затворени 45. Мајски оперски вечери

Ана Ололовска