Хорот „Howard Gospel“ од Вашингтон на БитФест, две претстави на Битолино

Од:

Хорот „Howard Gospel“ од Вашингтон, САД, вечерва ќе настапи во Битола во Пациото на Завод и Музеј, во рамки на БитФест 2015.

Американскиот хор негува традиционална, но и современа госпел – музика, а тематски нивните композиции најчесто се определени со Исус Христос и христијанството.

Хорот, кој во Македонија доаѓа со посредство на Амбасадата на САД во Република Македонија, имаше настап и на Охридско лето, на одбележувањето на 55-годишното постоење на оваа манифестација.

Хорот „Howard Gospel“ е една од најголемите институции што ја негуваат афроамериканската култура во САД. Нивното творечко мото е да и служат на вистината и вербата, преку интерпретацијата на духовна музика.

Вечерва на ИДТФ Битолино, исто така, се две претстави. Тоа се претставата на израелскиот театар од Модин „Четири басни и кралицата“ и претставата „Гласно и тивко“ на театарот од Грац, Австрија.

Би можело да ве интересира

Со концерт на Каролина Гочева вечерва почнува Битолското културно лето

Ана Ололовска

Јавен повик на Општина Битола за културно лето „БитФест 2019“

Ана Ололовска

Викендов завршува битолското културно лето „БитФест“

Ана Ололовска

Незаборавно добро издание на „Незаборав“

Ана Ололовска

Концерт на рускиот вокален ансамбал „Чајка“

Наум Локоски

Бит фест: Фолклорната група „Селенце“ и оркестарот „Фокош“ на плоштадот Магнолија

Ана Ололовска