„Хајлајф“ на Оффест

Од:

Африканскиот состав „Пет Томас и Квашибу ареа бенд“ од Гана настапува на денешната трета вечер од јубилејниот 15. Оффест.

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) публиката ќе има можност да ужива во т.н. хајлајф музика, која во 1960-тите и 1970-тите била носечки музички стил во Африка. Препознатлив по својот уникатно моќен, длабок и истовремено „свилен“ вокал, Пет Томас беше столбот на африканската хајлајф, афро-бит и афро-поп сцена во Гана во седумдесетите и осумдесетите години од минатиот век, кога постигна огромен успех со беднот „Свит бинс“. Со новиот албум, овој врвен музичар одбележува 50 години работа.

Пред концертот на „Пет Томас и Квашибу ареа бенд“, ќе биде прикажан и документарниот филм „Who Is Highlife?“ за музичката сцена во Гана.

Утре, на последната фестивалска вечер, настапуваат познатата бразилска пејачка и гитаристка Бади Асад, како и италијанскиот бенд „Канцониере Греканико Салентино“ кој ги следи традициите на т.н. таранта од јужна Италија.

Вчера во МКЦ настапија Саул Вилијамс од Лос Анџелес, поет, рапер и хип-хоп изведувач, и бендот Батида на диџејот Педро Кокенао од Ангола кој живее во Португалија.

Годинашниот Оффест почна во петокот со соло-концертот на чешката пејачка и виолинистка Ива Битова, по која, во Метрополис арената гостуваше францускиот бенд Сен Жермен.

За време на фестивалските денови, во галеријата на МКЦ може да се погледне мултимедијална изложба за сите гостувања во изминатите 14 изданија на Оффест.

Би можело да ве интересира

Четврта завршна вечер на OFFest 2023

Ана Ололовска

Почнува 22. издание на ОФФ-Фест

Ана Ололовска

Во продажба билетите за 22 ОФФ-Фест

Ана Ололовска

„Скопски џез фестивал“: Го откажуваме 22. издание на „OFFest“

Ана Ололовска

Последна вечер на 21. OFFest

Ана Ололовска

Македонска вечер за почеток на Offest

Ана Ололовска