Гран При за Раде Силјан на меѓународен поетски фестивал во Молдавија

Од:

Македонскиот поет Раде Силјан е добитник на наградата Гран При за поетски опус на меѓународниот поетски фестивал во Кишињев, Молдавија.

Наградата на свеченоста во Националниот театар „Михаи Еминеску“ на лауреатот му ја врачи академик Валериу Матеи, претседател на фестивалот.

Во рамките на манифестацијата, што се одржа од 19 до 24 мај, во свечената сала на Академијата на науките и уметностите на Молдавија се одржа и промоција на романското издание на поетската книга на Раде Силјан „Сенка на векот“ на која зборуваше академик Николае Дабижа.

Гран При наградата се состои во парична вредност во висина од шестотини илјади леи.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање