Гран при за Петар Узуновски на ФАДФ „Камера 300“-Битола

Од:

Петар Узуновски е добитник на наградата Гран при на годинешниот Фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ во Битола.

Највисокото фестивалско одличје на Узуновски му се доделува за документарниот филм „Јонузов Мост“, а награда ќе му биде врачена на 29 октомври, соопштија од ФАДФ „Камера 300“.

Меѓународно стручно жири во кое освен македонски, членуваа и стручни лица од Романија, Шведска и Бугарија, одлучи златна „Камера 300“ да им додели на Јурген и Биргит Бергман од Германија за филмот „Микрокосмос“, сребрена „Камера 300“ на Диме Тапевски за филмот „Ресавска Пештера“, а бронзена „Камера 300“ на група автори од Бугарија кои го изработија документарниот филм „Направи сисам филм“.

– Фестивалот на аматерски документарен филм „Камера 300“ траиционално се одржува во предвечерието на празникот на градот „4-ти Ноември“, а годинава наградата на Општина Битола за најдобракамера ќе му биде доделана на авторот Франц Моге од Словенија за филмот „Клукајдрвец“, додека плакетата за режија која го носи името на Драги Савевски, годинава ќе биде доделена на Сергер Шутју од Русија за филмот „Летни приказни“, изјави за МИА, Стевче Хаџиантоновски од кино клуб „Студио Милтон Манаки“, организатор на фестивалот.

Организаторите одлучија специјални награди плакет да доделат на Томе Љушев и Хрстијан Кочовски од Северна Македонија, Јан Хаутман од Холандија и на Џејмс Калмерс од Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Гран при „Плакета Милтон Манаки“ за документарецот „Повратникот“ на Диме Талевски

Во Битола се одржува интернационален ФАДФ „Камера 300“

Ана Ололовска

ФАДФ „Камера 300“-Битола: Гран при за британскиот аматерски филм „Пофалба за црвената телефонска кутија“

Ана Ололовска