Гран при на „Езерски бисери” за Камерниот хор при МФТИ од Русија и Вероника Ротин од Малта

Од:

Наградата Гран при на 11. Меѓународен арт фестивал „Езерски бисери” во Струга ја добија Камерниот хор при Московскиот институт за физика и техника (МФТИ) од Русија и Вероника Ротин од Малта.

Церемонијата на доделување награди ќе се одржи вечер во Центарот за култура „Браќа Миладиновци”, по што ќе следи Гала концерт на кој ќе настапат наградените учесници.

Камерниот хор при МФТИ во кој членуваат студенти и професори од Универзитетот постои седум години и е лауреат на бројни руски и меѓународни фестивали. Вистинско откритие на „Езерски бисери 2014” е десетгодишната пејачка Вероника Ротин, која се натпреваруваше во соло естраден вокал и уште со првата моќна и зрела изведба ја освои публиката и жирито.

Натпреварите се одржаа во две програми – класика и естрада, кореографија.

Македонските уметници освоија бројни награди и го потврдија талентот пред интернационалното жири. Во класична музика, иструменталисти, за лауреати од прв степен се прогласени Иван Трајаноски на саксофон и Варвара Петрова на обоа, кои добија и посебна награда „Бисер на фестивалот”.

Голем успех постигнаа македонските таленти во класична музика, соло пеење кадешто за лауреат од прв степен се прогласени Денис Димоски, Мартина Аврамоска и Јане Дунимаглоски кој ја освои и наградата “Бисер на фестивалот”. Во програмата естрада, кореографија лауреати од прв степен во естраден вокал, солисти се Антониа Гиговска, Иван Мамучевски од Македонија, како и Даниела Михеева и Анастасија Силантјева од Русија, Весна Малиќ од Босна и Херцеговина, додека Јане Дунимаглоски, Денис Димоски и Боби Мојсовски се закитија и со посебната награда „Бисер на фестивалот”.

На „Езерски бисери 2014” се натпреваруваа околу 400 учесници од Македонија, Русија, Израел, Казахстан, Малта, Босна и Херцеговина, Бугарија итн.

За странските учесници беа организирани и посета на Вевчани и Охрид, како и крстарење по Охридското езеро.

Би можело да ве интересира

Изложба на кинеска калиграфија отворена во Велес

Во Прилеп завршува МТФ „Војдан Чернодрински“

Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на Али Асгари и Алиреза Катами на 14. Филозофски филмски фестивал

Фестивалот „Преку езерото“ отвора Конкурс за дипломски краткометражен игран или документарен/експериментален филм

Во Кавадарци промовирана книгата „Татков праг“ од Данче Христова Младенова

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ