Гостување на мјузиклот „Легендата на птицата Симург“ од Турција

Од:

Во понеделник, 20 ноември 2017 година, во Домот на АРМ, ќе биде изведен мјузиклот „Легендата на птицата Симург“ од Турција. Во изведбата ќе учествуваат 45 уметници – членови на хорот, на оркестарот и на танцовата група при ТРТ –Турската државна радио телевизија.

„Легендата на птицата Симург“ претставува музичко патување со разнообразни музички, танцувачки и сценски елементи, оригинална кореографија и визуелни уметности, со цел да се истакнат белезите на турската цивилизација низ историјата до денес.

Мјузиклот е и средба со традиционалната турска музика, која опфаќа песни испеани во палатите, народни песни од селата и оние на духовните илахии од теќињата, како и средба со автентичните фолклорни танцови и ритуали, како и со литературата низ историјата.

Настапот во Скопје е во рамките на балканската турнеја на која „Легендата на птицата Симург“, ќе биде изведена во Солун, Тирана, Сараево, Белград, Загреб, Букурешт и во Софија. Балканската турнеа е организирана под покровителство на Претседателство на Р. Турција и е поддржана од Влада на Р.Турција, ресорните министерства, државната телевизија ТРТ, како и бројни институции од областа на културата..

Мјузиклот досега е изведуван десетина пати, од премиерата одржана на 6 мај 2016-та во Конгресниот Центар „Халич“..

Почеток е во 20 часот, а влезот е бесплатен.

Би можело да ве интересира

Музички спектакл на четири млади актерки во Јавна соба – „Girls night“

Ана Ололовска

„Дијана“ повторно на Бродвеј оваа зима

Ана Ололовска

Бродвејскиот мјузикл „Убавицата и Ѕверот“ утре премиерно ќе се одигра на школка во Градски парк

Ана Ололовска

Бродвејскиот мјузикл „Ени Јуниор“ предновогодишно во Филхармонија

Ана Ололовска

Премиера на првиот македонски филмски мјузикл „Црно-Бело“

Ана Ололовска

Музиката и танцот со сите проблеми и предизвици во првиот македонски мјузикл „Црно и бело“

Ана Ололовска