Голем интерес за културата во време на корона – денеска првиот концерт на отворено

Од:

Повеќе од 100 апликации од млади уметници од Скопје пристигнале на јавниот повик што го објави Град Скопје, заедно со градските културни институции, за финансирање проекти од областа на културата – „Култура во време на корона“.

Од Град Скопје денеска информираа дека во 18 часот на покривот на Домот на градежници ќе се одржи првиот концерт од оваа програма. Младиот скопски музичар и некогашен фронтмен на бендот „The John”, Lepi Xhoni, ќе одржи едночасовен соло концерт за станарите од Градски ѕид, а концертот ќе биде стриман на фејсбук страницата на Град Скопје https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs и на официјалниот Youtube канал на Град Скопје https://www.youtube.com/channel/UChnvnL2Inms7iLk6uzQFyTw

Пред два дена, Градот Скопје заедно со градските културни институции објави и јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Целта е да се поддржат невработените уметници, односно оние кои ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом. Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/

Со овој повик ќе се поддржат маалски изведби и виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти и работилници за деца во времетраење до два часа.

Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ