Германска културна вечер пред ресенската публика

Од:

Во Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен синоќа се одржа „Германска вечер“, на кој настапија Ана Ројдева Талевска – сопран, во пијано придружба на Андреј Наунов.

Пред ресенската публика се претставија со дела од Франц Шуберт, Роберт Шуман, Јоханес Брамс, Франц Лехар и Јохан Штраус.

Настанот беше во рамките на Новиот културен бран на Министерството за култура, а изминатите денови, како што информира директорот на Домот на културата „Драги Тозија“, Васко Василевски, во Ресен беа реализирани повеќе манифестации.

– На овој начин ресенската публика има можност да погледне дел од концертите и настапите на големи музички имиња. Публиката синоќа уживаше во настапот на сопранот Ана Ројдева Талевска, заедно со нејзиниот колега Андреј Наунов, во изложбениот салон на Домот на културата „Драги Тозија“, кој како простор е идеален за одржување на вакви концерти поради природната акустика, истакна Василевски.

Учениците од Ресен вчера учествуваа и на работилницата „Џез фабрика“, на музичарот Сашо Поповски, кој рече дека главната цел на овој проект е да се развие инвентивна работилница каде учесниците можат да создаваат современи музички форми.

Културните настани продолжуваат и вечерва. Во кино салата со почеток во 20 часот ќе се одржи кабаре концертот „Јаболка и круши за уметнички души“ на Мијата, а покрај неа на сцената ќе се појави и Мето Јанакиевски, физички тетар и пантомима.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ