Францускиот филм „Татко“ најдобар на четвртиот „Анимакс“

Од:

Францускиот анимиран филм „Father“ (Татко) на Сантјаго Бу Грасо ја освои првата награда „Златна тула“ на четвртиот Меѓународен фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје фест“, што се одржуваше од 4-ти до 6 декември во Кинотека на Македонија.

На синоќешното затворање на фестивалот беа доделени и останатите награди: „Сребрената тула“ му припадна на „Man on the chair“ (Човек на столчето) во француско-јужнокорејска продукција, а „Бронзената тула“ на „Castillo Y El Armado“ (Кастиљо и наоружаниот) од Бразил.

Наградите ги додели жири во состав Мими Ѓоргоска-Илиевска од Кинотека на Македонија, Андреј Рубетској – режисер, аниматор, сликар и сценарист од Русија, Дорис Бауер од Австрија, ко-директор на филмскиот фестивал за краток филм „Еспресофилм“, и Диме Ратајкоски, главен и одговорен уредник на МРТ.

За најдобар филм за деца, пак, беше прогласен „Space Dog Family“ (Семејството вселенски кучиња), за кој гласаа деца во трите фестивалски дена. Наградата ја прими гостинот од Русија Андреј Рубетској, кој е дел од тој проект.

На работилницата за 2д анимација, Универзитетот за аудиовизуелни уметности – ЕСРА додели три стипендии од по 3.000 евра на најдобрите учесници: Мила Симовска, Дона Дамевска и Исак Вишњовиќ.

Оваа година мото на фестивалот беше „Ако сите светат, ти блескај“. Беа прикажани 52 филма, од кои 44 за возрасни и осум за деца. Се пријавија рекордни 326 анимации од 52 земји во светот, а селектор на програмата беше Благоја Куновски Доре.

Фестивалот го организира продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со здружението на граѓани Креативен центар Тинтири-Минтири од Скопје.

Би можело да ве интересира

„Македонски анимиран филм 1971-1991“ – проект на ДФРМ

Ана Ололовска

ВИДЕО: Македонско-австралиското 3-Block Studio направи анимиран филм за глобалниот карантин

Ана Ололовска

Македонскиот студент Виктор Ивановски дел од тимот кој ја освои престижната „ANNIE“ награда за анимиран филм во Лос Анџелес

Ана Ололовска

Високи оценки за „Светот на Биби“ на Саем на цртани филмови во Тулуз

Ана Ололовска

Пајо Паторот денеска полни 85 години

Ана Ололовска

Најавено претпродолжение на „Сунѓерот Боб“

Ана Ололовска