Фото сафари и изложби на уметнички фотографии во Кратово

Од:

Во Кратово се одржува третиот фестивалски ден од „Малински фото-фестивал“ во организација на Фото клуб Куманово. Програмата почна со фото сафари.

– Присутните љубители на фотографска уметност фотографираа во прекрасниот живописен предел на најстариот град на Балканот-градот на кули и мостови .Покрај тоа, младите заинтересирани за фотографија имаа можност да се дружат со повеќе реномирани светски фотографи кои им ги пренесоа своето искуство и знаења од областа, изјави Жаклина Стефановска од фото клуб „Куманово“.

Подоцна беа отворени двете клупски изложби, во Музеј на град Кратово изложбата на Фото кино клуб „Битола“, и во Дом на култура „Лазар Софијанов“, клупска изложба на Фотографска асоцијација „Мерсин Олба“ од Турција.

– Со овие две клупски изложби го заокруживме годинашниот настан, кој првпат траеше три дена и опфати презентација на над 500 фотографии, десетина проекции на фотографии, меѓуклупски и самостојни изложби, предавања од реномирани фотографи и промоција на млади уметници, додаде Стефановска.

На четвртиот Малински фото-фестивал учествуваа етаблирани уметници од Турција, Србија, Полска, Италија, Иран, Киргистан и од Македонија.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „ЕЛЕМА 2023“

Ана Ололовска

Промоција на монографија „АКТ – Театарот низ фотографии”

Ана Ололовска

Во Кичево отворена изложба на фотографии со ликот на Тоше Проески

Ана Ололовска

Изложба со фотографии кои го претставуваат мултикултурализмот во Струга

Ана Ололовска

Изложба на фотографии за човековите права во „Ист Гејт Мол“

Ана Ололовска

Годишна изложба на членовите на фото клубот „Чкрап“ од Тетово

Ана Ололовска