Претстава на Воскресението на Христос која била во сопственост за германски канцелар, конечно е идентификувана како до сега неоткриено дело на Тицијан.
Група историчари на уметност и професор од германскиот универзитет, Артур Росенауер, во списанието „Барлингтон“ детално ја опишаа сликата, анализата и процесот на идентификување на авторот нагласувајќи дека „денес е исклучително ретко да се наиде на непознато дело од Тицијан“.
Росенауер изјави дека сликата на Тицијан била дел од сопственоста на канцеларот Бернхард фон Било се до неговата смрт во Рим, во 1929-та година. Новите сопственици на делото пред Втората светска војна емигрирале во Јужна Африка. Сликата во европска приватна колекција пак, стигнала од Уругвај.
На сликата е претставен Христос кој стои на капакот на затворен гроб. Во левата рака го држи знамето на воскресението, а десната му е подигната во триумфален гест на благослов.
Сликата е направена во 1511-та година, кога славниот ренесансен сликар Тицијан бил во раните дваесетти години.