(ФОТО) Хеда Габлер – нова премиера на Народниот театар од Битола

Од:

Народниот театар од Битола, според најавите на почетокот од годината, денес ја промовираше својата нова претстава „Хеда Габлер“ од Хенри Ибзен, во режија на Ѕвездана Ангеловска.

На денешната прес-конференција директорот Валентин Светозарев при промоцијата на новата претстава истакна дека Народниот театар од Битола секогаш ги следи светските трендови, но, истовремено, поставува и македонски текстови на репертоарот.

„Хенри Ибзен се игра на многу сцени низ светот и, по Вилијам Шекспир, е најизведуваниот автор на планетата Земја. Значи, неслучајно сме го одбрале. За жал, тој не е толку често поставуван низ театрите во Македонија… Велат дека ’Хеда Габлер‘ како женска улога е она што е Хамлет како машка улога во светската драматургија“, вели Светозарев.

programce za print

За Ѕвездана Ангеловска, режисерот на оваа претстава, поставувањето на ова дело претставува огромен предизвик, но и задоволство да се работи со Битолскиот театар.

Во оваа претстава играат новопримените актери, „младите сили“, како што ги нарече Светозарев, кој истакна дека е горд што токму со оваа претстава ќе го имаат своето деби, но во неа ќе учествуваат и актери што веќе подолго време се во Народниот театар од Битола.

Премиерната изведба „Хеда Габлер“ ќе ја доживее на 22 мај (среда), во Народниот театар – Битола.

Би можело да ве интересира

Инцидент во детска градинка во Битола

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски