„Фолтин“ вечер ќе настапи на „Битфест“

Од:

Битолската група „Фолтин“ вечер ќе настапи на „Битфест“ на летната сцена на Тумбе кафе.

– Музиката на „Фолтин“ е духовита, страсна и жива, создава жешка танцувачка атмосфера преку брзите ритми. Нивниот пристап во градењето на атмосферата е непредвидлив и оригинален. Освен на македонски, пеат и на таканаречен „спонтан eсперанто“, имагинарна смеса или фонетска имитација на светските јазици. „Фолтин“ себеси се опишуваат како псевдо-емигрантско кабаре, наведува организаторот на „Битфест“ во најавата за нивниот концерт.

Во составот на „Фолтин“ се: Пеце Николоски, Бранислав Николов, Пеце Трајковски, Гоце Јованоски, Славчо Јовев и Маријан Станиќ. Постојат 18 години, имаат седум самостојни албуми, музика за над дваесет театарски претстави и бројни настапи во Македонија и во повеќе земји од светот. За нивната работа и неколкупати се наградувани.

Последниот албум „Пијан славеј“ излезе годинава, во продукција на НУ Центар за култура од Битола.

Би можело да ве интересира

Јубилеј во Битола – 80 години од првиот наставен час на современ македонски јазик

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Инцидент во детска градинка во Битола