Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува“ во Неготино

Од:

На 15 и 16 декември ќе се одржи фестивалот за млади „Џифони патува“ во Неготино во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ и на него ќе учествуваат учениците од гимназијата. Фестивалот ќе го отвори Градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов, а потоа младите ќе се запознаат со мисијата на фестивалот „Џифони Македонија“ и во текот на двата дена ќе гледаат европски филмови со теми што ја засегаат младата генерација. Филмските проекции ќе бидат проследени со дискусии, а потоа на една од трите понудени креативни работилници, младите ќе ја поттикнуваат својата креативност и ќе се забавуваат.

Неготино е дваесет и четвртата општина каде под името „Џифони патува“ се одржува овој подвижен фестивал како продолжение на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ со својата мисија за ширење на филмската писменост и култура и кој влијае на неформалното образование на младите и низ помалите градови во нашата земја.

Проектот „Џифони патува“ е поддржан од Агенцијата за филм на РСМ, Делегацијата на ЕУ во Скопје и општина Неготино, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони експириенс“.

Би можело да ве интересира

Данскиот тинејџерски филм „Хакер“, во кој гласот го позајмува Стефонатор, на „Џифони филмски денови“

Ана Ололовска

„Џифони филмски денови“ од 9 април до крајот на учебната година во Кинотека

Ана Ололовска

Рускиот „На работ“ и канадскиот „Врева“ – најдобри според средношколците на „Џифони Македонија“

Ана Ололовска

Во Кинотека завршна вечер на „Џифони“ фестивалот

Ана Ололовска

Отворен деветтиот Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“

Ана Ололовска

Почнува фестивалот „Џифони Македонија“

Ана Ололовска