Филмскиот фестивал „Џифони патува“ во Кавадарци на 19 и 20 јуни

Од:

Фестивалот Џифони Македонија продолжува да патува. Кавадарци е шеснаесетта општина каде на 19 и 20 јуни ќе се одржи Филмскиот феситивал за млади „Џифони патува во Кавадарци“ во Домот на култура „Иван Мазов – Климе“.

„Џифони патува” е проект наменет за младите од нашата земја, кој преку ширење на идеите на најголемиот фестивал за млади во светот „Џифони Експириенс” од Италија и активно ги вклучува на младите вљубеници во филмот и културата.

Во текот на двата дена младите учесници ќе го гледаат филмови и ќе дискутираат за темите на филмовите со актерот Роберт Ристов кој ќе биде ментор на актерската работилница. Младите од Кавадарци ќе ја развиваат својата креативност и преку работилница за фотографија под менторство на професорот Роберт Јанкулоски, а ликовната работилница ќе ја води Моника Мотеска.

Фестивалската програма „Џифони патува“ во Кавадарци се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм и Фестивалот „Џифони експириенс“ од Италија, во соработка со Општина Кавадарци, Домот на култура “Иван Мазов – Климе“ и Италијанската амбасада во Скопје.

Би можело да ве интересира

Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува“ во Неготино

Ана Ололовска

Данскиот тинејџерски филм „Хакер“, во кој гласот го позајмува Стефонатор, на „Џифони филмски денови“

Ана Ололовска

„Џифони филмски денови“ од 9 април до крајот на учебната година во Кинотека

Ана Ололовска

Рускиот „На работ“ и канадскиот „Врева“ – најдобри според средношколците на „Џифони Македонија“

Ана Ололовска

Во Кинотека завршна вечер на „Џифони“ фестивалот

Ана Ололовска

Отворен деветтиот Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“

Ана Ололовска