Филмовите на Манчевски во Индија, Франција и Хрватска

Од:

Три филмови на нашиот најтрофеен режисер Милчо Манчевски, деновиве имаат проекции на разни меридијани. Најпрвин „Кајмак“ беше прикажан во Калкута, Индија, на 9 септември, како дел од Европскиот филмски фестивал. „Прашина“ се прикажува овој месец и идниот месец во повеќе градови низ Хрватска во организација на македонската Кинотека. „Пред дождот“ ќе биде прикажан во Париз на Универзитетот Сорбона Нувел во соработка со Астер фестивалот на 3 октомври.

Сите три филмови се македонски копродукции („Пред дождот“ со Велика Британија и Франција, „Прашина“ со Велика Британија, Германија и Италија, а „Кајмак“ со Данска, Холандија, Хрватска и Албанија).

Главните улоги во „Пред дождот“ (1994) ги играат Раде Шербеџија, Катрин Картлиџ, Грегоар Колан, Лабина Митевска, Петар Мирчевски и Љупчо Бреслиски, во „Прашина“ (2001) Дејвид Венам, Џозеф Фајнс, Роузмари Марфи, Адриан Лестер, Владо Јовановски и Николина Кујача, а во „Кајмак“ (2022) Сара Климоска, Камка Тоциновски, Симона Спировска, Ана Стојановска, Александар Микиќ и Филип Трајковиќ. Сите три филмови се досега дистрибуирани во повеќе земји низ светот и се дел од наставните програми на повеќе светски универзитети.

Би можело да ве интересира

„Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на Филмскиот фестивал во Токио

Новиот филм на Манчевски имаше блескава премиера во Токио, фановите чекаа цел час за автограми

А1он

„Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски со светска премиера во Токио

„Добри луѓе“ на Милчо Манчевски, кој им даде глас на преживеаните од Кочани, со светска премиера на Сараевскиот фестивал

Поради снимање сцена за филмот „Збогум Копакабано“ на Манчевски, утревечер времен режим на сообраќај

„Врба“ на Манчевски го отвора Балканскиот филмски фестивал во Рим