Одлично е прифатен филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески од страна на светската публика на меѓународниот фестивал „Црни ноќи“ во Талин, кој што се одржува од 17 ноември до 3 декември, соопштија од Фрагмент филм.
„Исцелител“ во Талин се натпреварува во категоријата дебитански филм, а веќе распродаде две прикажување. Според режисерот Ставрески, публика имало и на скалите.
Интернационалниот филмски фестивал во Талин е основан во 1997 година и е еден од најзначајните во Европа.