Во паркот во Офицерскиот дом во Битола денеска во рамки на 12. издание на фестивалот за современи уметности АКТО ќе се одржи јавна дебата „Каков Офицерски дом ни треба?“.
На дискусијата, како што најавуваат организаторите, ќе учествува министерот за култура Роберт Алаѓозовски, експерти за културно наследство, како и повеќе организации и индивидуалци од Битола кои низ годините се залагале за одбрана и враќање на Офицерскиот дом во функција на јавно добро. Дискусијата ќе биде од отворен карактер.
Програмата на фестивалот вклучува голем број изложби, работилници за музичари, програма за деца, перформанси, концерти и DJ настапи, кои ќе се одржат на неколку локации во Битола и тоа во дворот на Офицерскиот дом, во мезе – бар Јагода, Магаза Битола, Задруга Артикултура и кафе бар Радост.
Фестивалот е поддржан од Фондација Фридрих Еберт – канцеларија Скопје, Цивика мобилитас – Македонија и ЛГБТИ Центар за поддршка.