Фестивалот „Музика од Светот“ завршува со „Фламенко Екос“ од Куба

Од:

Со концерт на кубанската група „Фламенко Екос“, вечерва во Битола завршува 10. јубилејно издание на Меѓународниот фестивал „Музика од Светот“.

„Фламенко Екос“ се искусна група танчери и музичари, посветени на уметничката продукција, проучување и промоција на фламенго уметноста.

Од Центарот за култура во Битола, кој е домаќин и организатор на фестивалот, информираат дека гостите од Куба учествувале на бројни фестивали во светот како што се „Трагите на Шпанија“, Интернационалниот танц-фестивал на Стара Хавана, Иберо-американскиот празник за култура, а имале и меѓународни презентации во Абу Даби, Арапските Емирати и Кувајт.

Кубанската група „Фламенко Екос“ ја водат Ана Роса Менесес, прва балерина и кореограф, и Мигуел Чавез-музичар кои го пренесуваат шпанскиот и кубанскиот музички и културен свет, вградувајќи јоруба, кантри музика и танцови елементи од популарната музика на Куба и различни жанрови на фламенко.

Фестивалот „Музика од Светот“ е поддржан од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Јубилеј во Битола – 80 години од првиот наставен час на современ македонски јазик

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Инцидент во детска градинка во Битола