Фестивал за класичен балет и модерен танц во организација на Детски културен центар – Карпош

Од:

Фестивалот за класичен балет и модерен танц ќе се одржи од 06 до 09 јуни во Македонски народен театар, во организација на Детски културен центар – Карпош.

Ова уникатно културно случување, единствено од ваков тип во нашата земја, веќе шест години претставува значајна референтна точка за сите љубители на балетската уметност и современиот танц. Како што истакна директорката д-р Билјана Лалчевска Серафимовска, фестивалот претставува простор каде се среќаваат традицијата, современиот израз и младите таленти кои се иднината на македонската танцова сцена.

Организацискиот одбор на фестивалот едногласно одлучи престижната награда за животно дело „Ѓорѓи Македонски“ оваа година да ѝ биде доделена на Зоица Пуровска Велевска, како признание за нејзиниот исклучителен придонес во развојот и афирмацијата на балетската уметност истакна м-р Маја Каревски која се јавува и како уметнички директор на фестивалот.

Исто така награда „Ѓорѓи Македонски“ се доделува на талентираниот млад танчер Лука Ѓорѓиевски за неговата креативност, труд, уметнички потенцијал, посветеност и достигнувања во областа на танцовата уметност.

Во рамки на шестото издание ќе бидат реализирани две фестивалски вечери и две работилници посветени на класичниот балет и модерниот танц. Публиката ќе има можност да проследи настапи на извонредни и талентирани танчери, балерини и уметници, кои преку својата уметност ја продолжуваат и збогатуваат македонската танцова сцена.

Гости на фестивалот ќе бидат солистите Наташа Трендафилова Гицев и Baláz Lőcsei од нашатаНационална опера и балет, Националниот балет на Косово, учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, гости од Istanbul Junior Ballet, како и Денс студио Мак од Куманово, балетскотостудио Балерина, како и членовите на балетската секција при Детскиот културен центар – Карпош од Скопје.
Статуетките и оваа година се изработени специјално за фестивалот од M Art Gallery, додека поддржувачи на фестивалот се и Mayo store.
Фестивалот за класичен балет и модерен танц се реализира со поддршка на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Вечерва стартува „Карпошово културно лето“

Фестивал за класичен балет и модерен танц од 10 – 12 јуни во организација на Детскиот културен центар – Карпош

Фестивал на детски мјузикли

Фестивал на детска креативност –ТРАМБОЛИНИ