„Етно соба“ во Старо Нагоричане

Од:

Во рамки на проектот „Рурален развој преку културни одбележја во кумановско” денеска во селото Старо Нагоричане беше промовирана „Етно соба“ во која се прикажани фотографии, стари носии и предмети од домаќинството кои потекнуваат од овој регион.

Проектот го реализира здружението „Доверба“, со поддршка од Владата и општина Старо Нагоричане.

Ангажирани се 15-тина млади луѓе на возраст од 18 до 30 години од општина Старо Нагоричане кои по одржаната обука ќе работат на промоција на културата и и традицијата на оваа општина.

– Преку проектот ќе се збогати понудата, која што освен разгледување на културно-историските знаменитости со кои располага општината, ќе бидат вклучени и екскурзии низ селата, ќе се промовира традицијата и минатото. За понудените услуги од страна на туристичките агенции, бенефит ќе имаат вклучените субјекти, пред се жителите од селата кои директно или индиректно ќе работат на промоција на општината и потенцијалите со кои таа располага, изјави градоначалникот на Старо Нагоричане, Милован Стојковски.

Надлежните нагласуваат дека успешната реализација на проектот ќе биде еден од првите примери на добра пракса која понатаму ќе биде искористена за спроведување на серија проекти во државата.

– Директното вклучување на локалното население е голем инпут за развој на населеното место, а овозможува заживување на социјалниот живот, но преставува и можност за дополнителни вработувања и развој на руралните средини каде се лоцирани овие културни богатства, смета Дивна Јанкова од здруженито „Доверба“.

Во Старо Нагоричане лоцирани се повеќе цркви и манастири, а од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот сметаат дека оваа општина ги опфаќа сите сегменти да стане препознатлива туристичка дестинација.

– Самата концепција на туризмот, приказната и содржините кои можат да се направат во руралните места, посебно во Старо Нагоричане, која има исклучителен потенцијал, е составен дел од целата туристичка приказна, вели Насер Хот, советник во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Универзитетскиот професор од Факултетот за туризам и менаџмент Мијалче Ѓорѓиевски истакна дека овој простор се наоѓа на важна позиција, лоциран меѓу два коридори и оти годишно низ него транзитираат огромен број туристи. Според него, обучените млади луѓе од регионот можат во туризмот да ја најдат својата шанса за вработување.

Општина Старо Нагоричане се протега на површина од 451 килметри квадратни и има помалку од пет илјади жители.

Би можело да ве интересира

Доаѓа документарен филм за Елтон Џон: „Приказната што досега не била раскажана“

Предраг Петровиќ

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ