На сцената на Македонскиот народен театар во завршна фаза е претставата „Електра и Орест“ во режија на Андриј Жолдак. Премиерата е предвидена за септември, со почетокот на новата сезона.
Во претствата играат Дарија Ризова, Камка Тоциновски, Арна Шијак, Звездана Ангеловска, Александар Горгијовски, Никола Ацески, Славиша Кајевски, Борче Начев, Александар Михајловски. Координатор на продукцијата е Катја Жолдак.
– Електра е претстава за скриените импулси во човекот, за темната страна на човекот, посочи режисерот Жолдак на денешната прес-конференција. Додаде дека во Македонија работи во најдобриот театар.
Според уметничкиот директор на МНТ Дејан Пројковски, ги имаат едни од најдобрите и најспосветени актери на светот кои, како што рече, имаат направено неверојатна актерска трансформација.
– Вториот дел на претствата би го нарекле раѓање на нов Жолдак, на една нова естетика и за него, рече Пројковски.
Славиша Кајевски истакна дека пробите со Жолдак траат долго, по 12 часа и додаде оти работат филмски.
– Ние имаме генијалец кој работи со нас, додаде Кајевски.
Акерската екипа се согласи дека ќе имаат одлична претстава. Арна Шијак потенцира дека оваа претстава ја враќа вербата во театарот.