„Џифони искуство“ – едукација, забава, дружење

Од:

Едукација преку отворање различни теми, прашања, сериозни дискусии и дебати, истовремено многу забава и незаборавно дружење, вака децата-учесници од Македонија го доживуваат најголемиот филмски фестивал за млади „Џифони искуство“.

Воодушевени се од концептот, од она што им се нуди како знаење и што го земаат со себе по заминувањето. Гостувањето на мегаѕвездите, пак, што е традиција на Фестивалот, дополнително ги мотивира во желбата еден ден да бидат дел од филмската индустрија.

– Се пријавив на Фестивалот зашто сакам да станам глумица. Кога дојдовме тука, не пречекаа нашите домаќини, ни ги понудија своите домови и ни дадоа се што ни е потребно. Во однос на нашите задолженија, прво гледаме филм, секој согласно групата во која припаѓа, а потоа имаме дебата. На крај, избираме еден главен филм, победник на „Џифои искуство“, вели Бисера Самарџиева од категоријата +13 години.

На Исидора Цветковска од повозрасната категорија, +16, ова и е прво вакво исксутво.

– Од мојата група се очекуваат посериозни коментари во однос на категоријата +13 што воедно е одговорност плус бидејќи треба да ја претставиме државата во најдбро светло, истакнува Цветковска.

Во категоријата +18 право на учество имаат само Италијани, но оваа година таква привилегија добија и тројца Македонци.

– Јас и уште двајца од Македонија добивме право да учествуваме на Фестивалот благодарение на нашиот ангажман за време на првото издание на Џифони Макдонија и поради фактот што доволно добро го познаваме италијанскиот јазик, вели Катарина Величковска.

На почеток се двоумела дали и како ќе се снајде. Сепак, се завршило како што треба.

– Дисксуиите во мојата група се инспиративни, одат многу повеќе над баналните – која е пораката на филмот, како ни се допаѓа перформансот на актерите. Тука и најобичен филм се дебатира максимално сериозно, се опфаќаат сите перспективи и се извлекува суштината, посочува Величковска.

И Цветковска и Величковска сметаат дека посетата на Ричард Гир не беше само сензација.

– Неговите одговори на нашие прашања за време на средбата беа пред се мотивирачки, бараа многу искуство и значително се разликуваа од оние на некои помлади, исто така холивудски ѕвезди што претходно беа гости на Фестивалот, раскажуваат учесничките од Македонија.

„Џифони искуство“ се одржува 44 години, овој пат под мотото „Биди различен“, од 18 до 27 јули. На програмата се преку 163 филмови. Учествуваат преку 3.500 деца од 43 земји, посетеноста е огромна, а импозантен е и бројот на новинарски екипи кои ги покриваат секојдневните случувања.

Првпат годинава Фестивалот воведе и преноси во живо особено од доаѓањето на филмските ѕвезди кои вообичаено прво шетаат по синиот тепих, потоа одржуваат прес-конференција и на крај се среќаваат со членовите на меѓународното жири.

Во рамки на Фестивалот вчера се одржа Македонски ден на кој беше промовирано второто издание на „Џифони Македонија“ што ќе се одржува во октомври, а беа прикажани и неколку филмови.

Посетителите имаа можност да дегустираат традиционални македонски производи, овчо и биено сирење, гравче-тавче, ајвар, вино, локум,…. Беше отворена и изложба на фотографии од Македонија, се делеа брошури и каталози за нашата филмска продукција во периодот 2013/2014. Денот беше заокружен со настап на Мухамед Ибрахими кој ја воодушеви публиката.

Учеството на децата од Македонија на „Џифони искуство“ го поддржа Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот