Документарен филм, концерти и уште еден фестивал на „БитФест“ во Битола

Од:

Битолското културно лето „БитФест“ вечер продолжува со два концерти, промоција на документарниот филм „Мостот помеѓу Битола и Нинбо“ и почеток на дводневниот креативен арт фестивал „Ако одам во Битола“.

Документарниот филм „Мостот помеѓу Битола и Нинбо“ е инспириран од збратимувањето на македонскиот и кинескиот град, обостраните посети на делегации од двата града во двете држави, како и изградбата на мостот на пријателство по кој како што велат авторите на филмот ќе минуваат научни работници, бизнисмени, претставници на културата, спортот и други професии кои ќе се здружуваат во наредниот период.

– На „БитФест“ владее голем интерес за двата вечерешни концерти кои ќе се одржат во Битола. Првиот е во рамки на уметничката манифестација „Незаборав“ и е посветен на македонската естрадна ѕвезда Гоце Николовски. Очекуваме во големата сала на битолскиот Центар за култура присутната публика уште еднаш да ги отпее легендарните „Бисер балкански“, „Серенада“ и други песни на прерано починатиот Николовски, чии композииции вечер ќе ги интерпретираат Сефедин Бајрамов, Бојан Стојков и други, додека вториот концерт „Танго Трио“ е на Широк Сокак и ќе го приреди Пламенка Трајковска. Влезот за двата коцерти е бесплатен, информираат од „БитФест“.

Вечер во Битола ќе почне и дводневниот креативен арт фестивал „Ако одам во Битола“, кој ќе се одржува во Боемската улица.

Битолското културно лето „БитФест“ завршува на 27 август со манифестацијата „Широк Сокак во бело“.

Би можело да ве интересира

Со концерт на Каролина Гочева вечерва почнува Битолското културно лето

Ана Ололовска

Јавен повик на Општина Битола за културно лето „БитФест 2019“

Ана Ололовска

Викендов завршува битолското културно лето „БитФест“

Ана Ололовска

Незаборавно добро издание на „Незаборав“

Ана Ололовска

Концерт на рускиот вокален ансамбал „Чајка“

Наум Локоски

Бит фест: Фолклорната група „Селенце“ и оркестарот „Фокош“ на плоштадот Магнолија

Ана Ололовска