Документарец за Битола на филмски фестивал во Брадфорд

Од:

Општина Битола како член на мрежата на креативни градови на УНЕСКО, деновиве учествува на Малиот светски филмски фестивал во Брадфорд кој годинава е фокусиран на темата „Мојот град“.

– „Мојот град Битола“ (My city Bitola) е краток документарен филм кој зборува за филмската убавина на Битола, богатото културно и историско наследство и големиот број културно-уметнички содржини кои градот го прават навистина посебен, информираат од Секторот за односи со јавност на Општина Битола.

На фестивалот учествуваат и голем број градови од повеќе држави од Северна и Јужна Америка, како и од Нов Зеланд, Авганистан и Кина.

По прикажувањето во Брадфорд, „Мојот град Битола“ ќе биде дел од програмата на Santos Coffe Festival, кој во јули ќе се одржи во Бразил.

Би можело да ве интересира

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани

Гори големо стрниште во околината на Битола

Мирен протест во Битола: Институциите дозволија живи да горат деца, да гори младината иднината на државата

Битолчани – шампиони во селектирање отпад: Успешно одложени 1 милион парчиња амбалажа во 2024 година