Дискусија за македонското музичко творештво

Од:

Сојузот на композиторите на Македонија денеска ќе организира дискусија на тема „Македонското музичко творештво – сегашност и минато“, чија цел е да се поттикне и унапреди научноистражувачката дејност во областа на музикологијата, етномузикологијата, музичката византологија, танцовата уметност, музичката педагогија, музиката и поезијата, музиката и медиумите.

На настанот ќе учествуваат Јане Коџабашија, Емилија Џипунова, Јулијана Жабева-Папазова, Весна Малјановска, Даница Стојанова и Мирјана Павловска-Шулајковска, кои ќе презентираат научни трудови за различни сегменти од областа на македонското музичко творештво: византиска музичка традиција, современата танцова култура, современото македонско творештво, музиколошките истражувања и нивната реализација, како и творештвото на македонските композитори на концертните подиуми и телевизиската програма.

Идејата за настанот воедно е придонес и во одбележувањето на јубилеите на композиторите Томислав Зографски и Гоце Коларовски.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел