Димковска: Ерофеев и Памук не би биле задоволни од власта во Македонија

Од:

Македонската писателка Лидија Димковска која деновиве ја доби наградата на ЕУ за книжевност, со рекација на веста дека книжевните награди „Табернакул“ на годинашните добитници, светски познатите Виктор Ерофеев и Орхан Памук, на 25 декември ќе ги додели премиерот Груевски. Таа на својот фејсбук профил пишува:

-Одлична награда за двајца извонредни писатели! А колку е жално што ни оваа награда не може да остане независна и само во сферата на книжевноста, туку веднаш мора да се залепат за неа Министерството за култура со своите ставови дека „идејата се совпаѓа со општите заложби на Владата на Република Македонија токму нашата земја да промовира светски вредности од сите област“ и покровителството на премиерот.

Димковска потсетува дека двацата познати писатели се познати по своите критики за недемократските држави и постапки.

-Памук и Ерофеев, силни критичари на политичките системи во Турција и Русија, кога би живееле во Македонија сигурно не би биле задоволни од политиката на сегашната власт (а мислам дека ни на претходните). Страшно е што сите добри и успешни нешта што ќе се случат во културата во Македонија (а оваа награда спаѓа во нив) мора да се поврзат со политиката, на овој или оној начин.

Овој нејзин став на фб, предизвика многу коментари и за други примери на политизирање на културата. Димковска пишува:

-Ова ги преминува сите граници! Пред некој ден кога беше претставен капиталниот превод на Шекспир од Драги Михајловски пак Министерството и Владата ги зазедоа своите места на масата, како тие да го преведувале Шекспир. Ама сега ова со Памук и Ерофеев е гротескно.
Писателот и културен менаџер, Роберт Алаѓозовски пишува дека овој потег е бесмислен
-Системот станува сосема бесмислен. Орхан Памук го изгради својот интелектуален мит залагајќи се против се она што режим како овој на Груевски го претставува. Сега Груевски му врачува награда.

Инаку, нобеловецот Орхан Памук, оваа пролет, јавно застана на страната на демонстрантите во Гези Парк во Истанбул, критикувајќи ги недемократските принципи и методите на државата во справувањето со протестите.

Одлуката за наградата ја донесе одборот во состав Ферид Мухиќ, Горан Стефановски, Венко Андоновски, Цветан Враживирски и лауреатите на првата награда „Табернакул“ минатата година – Милан Кундера и Љубивоје Ршумовиќ.

Александра Бубевска

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање