„Приказна од земјата Музикалија” е насловен детскиот мјузикл кој синоќа беше изведен во салата при Домот на културата „Иван Мазов Климе” од Кавадарци.
Текстот е на Силвана Атанасова Чулева, а режисер е Александар Малинков. Претставата е во продукција на културниот дом и е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.
– Станува збор за проект наменет за детска публика. Играат актери од кавадаречката гимназија, како и балерини од Основното музичко училиште од Кавадарци. Кореографијата е на Билјана Грозданова, појасни за медиумите Малинков, кој најави дека претставата ќе можат да ја видат учениците од неколку кавадаречки училишта, но и од други градови во државата.
Малинков нагласи дека преку претставата се упатуваат пораки за мир, слога и љубов, како и пораки за ширење на позитивна енергија.