Денови на македонската култура во Србија

Од:

Од 24 до 26 јули во Библиотеката „Ѓура Јакшиќ“ во Петровац на Млава (Србија) ќе се одржат Денови на македонската култура. Ќе биде одржана Вечер на македонската поезија и песна, при што ќе биде читана современа македонска поезија и интерпретирани најпознатите македонски народни песни.

Потоа, ќе биде промовирана и книгата „Под кожа“ од писателката Даниела Миланова во издание на Изадавачката куќа „Феникс“ од Скопје, а авторката која е и сликарка и уметнички фотограф ќе се претстави и со својата изложба на уметнички фотографии под заедничкиот наслов „Родниот крај е таму каде што Ви е убаво“, со презентација на најнови уметнички фотографии од Србија и Македонија.

Деновите на македонската култура во Петровац на Млава ќе бидат збогатени со отворањето на македонско одделение во Библиотеката „Ѓура Јакшиќ“, при што ќе бидат врачени донациите во книги од Библиотеката „Св. Климент Охридски“ од Битола, Списанието за книжевност и уметност „Сум“ од Штип и Издавачката куќа „Феникс“ од Скопје.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот