Денови на француски филм во Битола

Од:

Француската Алијанса од Битола во соработка со Францускиот Институт во Скопје и НУ Центар за култура од денеска до 23 април во Битола ќе ја одржат манифестацијата Денови на францускиот филм.

На програмата се четири оригинални современи француски филмови кои го прикажуваат богатството и различноста на француското кино, едно од најразвиените од светот, информираат организаторите на вечерашниот културен настан во Битола.

Манифестацијата „Денови на француски филм“ ќе биде отворена со годинешниот филм „Готвачката на претседателот“ на Кристијан Венсан, а во наредните вечери ќе бидат прикажани „Име“ на Александар де Ла Пателиер, „Љубовџии“на Риад Сатуф, а ќе заврши на 23 април со проекција на филмот „Госпоѓица Шамбон“ на Стефан Бризе.

Би можело да ве интересира

Јубилеј во Битола – 80 години од првиот наставен час на современ македонски јазик

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Инцидент во детска градинка во Битола