„Денови на детски филм“ низ градовите во Македонија

Од:

Во над 10 градови низ Македонија во текот на април и мај ќе бидат прикажани четири анимирани филмови за деца во рамки на проектот „Денови на детски филм“ што го организира продукциската и дистрибутерска куќа „Узенгија“.

Филмовите се синхронизирани на македонски и на албански јазик и се наменети за најмладите од 4 до 10 годишна возраст.

deteto fantom poster

Филмовите ќе бидат прикажани во Гостивар, Делчево, Куманово, Неготино, Прилеп, Струга, Тетово, Велес, Охрид, Штип, Гевгелија, Битола и Кавадарци.

„Деновите на детски филм“ почнаа од Скопје минатиот викенд кога во киното „Фросина“ на Младинскиот културен центар беа прикажани „Пим и Пом – Големата авантура“ и „Детето фантом“. Во текот на мај планирано е во повеќе центри на културата низ државата да бидат прикажани анимираните филмови „Големата мечка“ и „Тор и легендата за Валхала“.

pim-i-pom poster

Синхронизацијата на филмовите е поддржана од Агенција за филм на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

„Македонски анимиран филм 1971-1991“ – проект на ДФРМ

Ана Ололовска

ВИДЕО: Македонско-австралиското 3-Block Studio направи анимиран филм за глобалниот карантин

Ана Ололовска

Македонскиот студент Виктор Ивановски дел од тимот кој ја освои престижната „ANNIE“ награда за анимиран филм во Лос Анџелес

Ана Ололовска

Високи оценки за „Светот на Биби“ на Саем на цртани филмови во Тулуз

Ана Ололовска

Пајо Паторот денеска полни 85 години

Ана Ололовска

Најавено претпродолжение на „Сунѓерот Боб“

Ана Ололовска