Дело од Рафаело на изложба во Софија

Од:

Сликата „Св. Екатерина Александриска“ на Рафаело Санцио да Урбино (1483 – 1520) за првпат гостува во Софија. Таа е дел од триптих, на кој на едната страна била претставена и Св. Марија Магдалена, а се претпоставува дека во средината била насликана Дева Марија со младенецот или Светото семејство.

Сликата и вратена на Италија во 1990 година, откако се појавила на пазарот на антики по распродажбата на големата колекција од Фиренца во сопственост на гроф Алесандро Контини Бонакоси во 1955 година.

Освен ова дело од раната фаза на Рафаело, ќе бидат изложени и десет гравури создадени според негови дела од 17 до 19 век, кои се во сопственост на Академијата „Рафаело“ во Урбино.
Изложбата ќе трае до 24 ноември во Националната уметничка галерија во Софија. Интерес за изложбата на уникатните дела, освен во Бугарија има и во соседните земји.

Рафаело, творел во периодот на зрелата ренесанса и е един од трите големи италиански уметници од тој период, во редот со Микеланџело и Леонардо. Најпознати се неговите фрески „Станца де ла Сигнатура“ во Ватикан, „Атинската школа“ и „Расправа за Светото писмо“.
Урбино, родниот град на Рафаело е кандидат за Европски град на културата за 2019 година.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање