Дела од летната ликовна школа презентирани во Гевгелија

Од:

Во ликовното студио на Пионерскиот дом во Гевгелија е отворена годишната изложба од работилница на која се претставени делата изработени од децата во рамки на летната ликовна школа која работеше под менторство на ликовниот уметник Мирјана Крстева-Массетти.

Малите ликовни уметници, рече Массетти, годинава создаваа дела во духот на боите на летото. Техниките застапени во нивните дела се акварел, гваш, колаж, темпера, акрил на платно и неколку експериментални техники.

– Нашата ликовна работилница активно работи од крајот на 2015 година. Во текот на нејзиното постоење бележиме континуитет во работата кој резултира со финални изложби на крајот од годишните квартали. Особено сме горди што годинава детската продукција е исклучителна, истакна менторот Мирјана Крстева-Массетти.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија