Чивнинг кафе: Одговорноста на владејачките елити – од Шекспир до денес

Од:

Во рамки на одбележувањето на 400-годишнината од смртта на Вилијам Шекспир, Асоцијацијата на Чивнинг стипендисти во Македонија (MCAA) вчера организираше „Чивнинг кафе: Одговорноста на владејачките елити – од Шекспир до денес” во Јавна Соба (Public Room) во Скопје.

Настанот, како што наведуваат организаторите, имаше за цел да го промовира квалитетот на британското образование преку  прославување на делата оставени во наследство од оваа извонредна британски икона.
Една од централните теми во делата на Шекспир е одговорноста, која провлекувајќи се низ вековите ја задржува својата важност и денес. Креирајќи врска меѓу драмите на Шекспир и денешниот модерен и динамичен свет, настанот поттикна квалитетна дискусија околу темата на одговорноста на владетелите.

На дебатата насловена „Одговорноста на владеачките елити – од Шекспир до денес“ свои обраќање имаа Беса Арифи, професор на Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и експерт по кривично право, Љупчо Петковски, експерт за политички науки и Чивнинг стипендист, Слободан Унковски, театарски режисер и професор по режија на Факултетот за драмски уметности при УКИМ во Скопје, Наум Пановски, уметнички директор на проектот Poiesis театар во Њујорк, професор на одделот за глума и култура, и театарски режисер. Модератор на дебатата беше Лилјана Митевска, новинар, Чивнинг стипендист.

Настанот беше и можност за сите заинтереирани за пост-дипломски студии во Велика Британија да се запознаат со Чивнинг стипендистите од Македонија од кои добија повеќе информации за Чивнинг стипендијата и студиското искуство во оваа земја.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат