Чествување на св. Климент Охридски во Музејот на македонската борба

Од:

Музејот на македонската борба вечер по повод Денот на св. Климент Охридски ќе организира пригоден настан насловен „Творците во чест на свети Климент“.

Реч ќе одржат Михајло Миноски и Александар Прокопиев, а во чест на просветителот свои дела за музејската библиотека ќе донираат авторите: Јордан Плевнеш, Лилјана Котевска-Плевнеш, Ташко Саров, Михаил Белдедовски, Иван Глигоровски, Никола Јованоски, Ставре Џиков, Михајло Миноски, Гоце Ристовски, Блаже Миневски, Александар Кујунџиски, Киро Кипроски и Ангел Балкански.

По повод овој настан, во Музејот  ќе има и две изложби – авторот Златко Бојковски ќе изложи скулптури, а ќе биде поставена и филателистичко-картофилска изложба „1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски–одрази во денешнината“ од збирката на Бранислав Светозаревиќ.

Во музичкиот дел ќе настапат ученици од Музичко-балетскиот училишен центар „Илија Николовски Луј“ предводени од проф. Благица Илиќ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат