Целосна конзервација на светилиштето на Кокино

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Кумановскиот Музеј ќе преземе засилени активности со кои би требало годинава, целосно да се заврши конзервацијата на светилиштето и ѕидот кој го опкружува, на Кокино.

-Се работи за ограден ѕид и астрономска платформа кои ќе бидат презентирани на таков начин за да посетителите имаат претстава што всушност се работело на Кокино. Овој простор треба да се подигне на околу еден метар за да биде видлив за посетителите – изјави директорот на НУ „Музеј Куманово“, Јовица Станковски.

Според него на тој начин, ќе се заокружи истражувањето на светилишниот дел на Кокино.

-Може да се консатира дека во последните две години се поголема е бројката на туристи кои го посетуваат Кокино, особено туристи од странство. Освен што доаѓаат самостојно значително е зголемена и бројката и на организирани посети од страна на туристички агенции – изјави градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ