Божиќен концерт на хрватската машка клапа Подворје во Битола

Од:

Хрватскиот машки вокален состав Подворје од Каштел Суќурац, вечер во Битола ќе одржи Божиќен концерт.

Домаќини и организатори на културниот настан се македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ” во соработка со НУ Центар за култура-Битола.

–Продолжуваме со традиционално одбележување на Божиќ и со гостување на ансамбли и групи од градови од Хрватска или места на Балканот, каде дејствуваат хрватски здруженија. Културните гостувања и соработки траат долги години, а се со цел презентирање и запознавање на македонската јавност со богатата хрватска култура и традиција, информираа од КЦ „Марко Марулиќ“ во пресрет на вечерашниот божиќно-новогодишен концерт во Битола.

Во текот на своето 25 годишно постоење, културниот центар „Марко Марулиќ“ организирал бројни гостувања на хрватски здруженија, ансамбли и уметници во Битола, но и настапи на македонски театри, уметници, ансамбли во Хрватска.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ