БОШ: Три дена славење на животот и слободата

Од:

„Славењето на животот и слободата“, е концептот на фестивалот за мултимедијална уметност Бош кој се одржуваше изминатиов викенд во Гевгелија. Публиката имаше можност бесплатно да посети голем број концерти, перформанси, театарски претстави и филмски проекции, а со богатата програма за трите фестивалски дена, од (23 до 25 август), Бош докажа дека е мултимедијална платформа која го негува креативниот израз во урбаниот контекст.

IMG_9534 keyboard

Организаторите своите активности ги насочуваат кон афримирање на независната и алтернативна културно- уметничка сцена во Македонија, а реализацијата на фестивалот на повеќе алтернативни локации во градот го потврдува неговото различно и несекојдневно искористување на неконвенционалниот јавен простор.

IMG_9569 gig2

„За трите дена додека трае фестивалот ја прогласуваме Гевгелија за слободна територија“, вели Марија Стојанова која е организаторка на фестивалот, додавајќи дека оваа година славејќи го петтиот роденден на БОШ продолжуваат да и сервираат на гевгелиската публика нешто поразлично од секојдневниот мејнстирм.

IMG_9545tree

Во овогодинешната музичка програма учествуваа „Zebra Tracks“ од Атина, „Клопка за пионира“ од Панчево,„Zea“ од Амстердам, додека од Македонија можеа да се слушнат „The John & Space Rebel Gang“ и „Дa Џака Накот“, како и диџеј сетовите на „Новоградска“, „Martchin [OffPop]“, Мирко Попов.

IMG_9473 gradinka guit

„Очекувам од македонската публика да танцува“, порача Арнолд де Боер, или групата ЗЕА. Тој за А1он вели дека иако ова му е четврти пат да настапува во Македонија, секој настап се повеќе се изненадува од тоа колку добро е прифатен од публиката.

IMG_9498 gig

Забележувајќи дека поголем дел од публиката на фестивалот не е од Гевгелија, Стојанова вели дека причината за тоа може да е препознатливоста и квалитетот на фестивалот но и незаинтересираноста на гевгеличани да ја пратат независната и алтернативна уметност.

IMG_9503 solo

Фестивалот е во органзација на здружението „Арт Еквилибриум“ од Гевгелија, а се одржува во чест на прерано починатиот актер и поет Бошко Бозачиевски.

IMG_9491 kid

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање