Македонскиот баритон Борис Трајанов е добитник на титулата национален уметник за 2014 година, соопшти денеска министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Трајанов ја добива титулата на иницијатива на Македонската опера и балет. Комисијата составена од академиците Катица Ќулафкова и Газанфер Бајрам, Оливер Белопета и Раде Силјан, по разгледувањето на пристигнатите предлози ослучила дека Трајанов ги исполнува критериумите утврдени со Законот за национален уметник.
По реномираниот македонски пијанист Симон Трпчески, филмскиот режисер Милчо Манчевски и естрадниот уметник Есма Теодосиевска Реџепова, Борис Трајанов е четвртиот носител на ова највисоко признание од областа на културата.
Наградата е доживотен паричен надомест од 60 илјади денари месечно.