Богата културна понуда на Центарот за култура од Струмица за 2017

Од:

И оваа година струмичани ќе имаат можност да уживаат во квалитетна културно уметничка програма во Националната установа – центар за култура „Антон Панов“. Освен проектите кои центарот самостојно ги реализира, оваа година преку програмата од национален интерес на Министерството за култура, одобрени и подржани се 30 проекти кои ќе бидат реализирани во повеќе дејности. Проектите се од областа на издавачката, ликовно- галериската, сценско- музичка дејност, а голем дел од нив се однесуваат и на театарската. Исто така, одобрени се проекти за набавка на нова опрема, за санација и реконструкција на делови од објектот во кој е сместена установата.

– Традиционално, остануваат сите главни манифестации кои ги правиме во Центарот за култура „Антон Панов“, по 54-ти пат ќе се одржи меѓународната струмичка ликовна колонија, минатата година започнавме проект кој и оваа година ќе продолжи со поддршка од Министерството, а тоа се Денови со Митко Маџунков, потоа, повеќе самостојни изложби, изложби од меѓугалериска соработка преку која ние со наши изложби одиме во други градови и други галерии доаѓаат во Струмица, истакнува директорот на Националната установаа Иван Јовев.

Како што информира Јовев, во делот на сценско музичката дејност се поддржани повеќе концерти. Концертот на Ристо Гоговски, Елена Атанасовска, Тони Пецанов, Роберт Цеков, потоа фестивалот на источно црковно пеење чија програма е одобрена и за оваа година. Продолжува со работа и школата за кавал која е поспецифична бидејќи членуваат не само мали деца, туку и возрасни кои имаат желба да го изучуваат инструментот.

– Продолжува работата на распеани струмичани, одржувањето на фестивалот „Под кулите на Струмица “ и уште голем број културни настани. Од драмската дејност се одобрени три проекти и тоа „Царот Владислав“ од нашиот сограѓанин Борис Јанков, а во режија на Бранко Ставрев. Потоа, „12 -та ноќ“ од Вилијам Шекспир во режија на Дејан Дамјановски и „Идиот“ од Достоевски во режија на Горан Тренчовски. Со театарот е планирано и гостување на фестивал во Анталија во втората половина на март, потенцира Јовев.

Центарот за култура оваа година ќе организира и постхумна изложба на Стојан Пачоов, а ќе се организира и изложба на цртеж во склоп на меѓународната струмичка ликовна колонија. Изложба на склуптури на Анѓеле Нацевски и мозаик и слики на Ѓорѓи Томовски, се исто така предвидени за тековната година.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ