Битолскиот театар во Њујорк со претставата „Хенри Шести“

Од:

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола ќе гостува во Њујорк каде пред тамошната публика ќе ја изведе светски познатата претстава „Хенри Шести“-трет дел, од Вилијам Шекспир во режија на Џон Блондел.

Според Валентин Светозарев, директор на НУ Народен театар-Битола, актерите ќе настапат на престижна сцена во Њујорк за што се водат завршни преговори.

– Ова гостување е со комплетна финансиска поддршка на Министерството за култура и е составен дел на годишната програма за остварување на националниот интерес во културата. Во Њујорк ќе настапиме во исклучително ексклузивен простор и се надеваме дека ќе предизвикаме идентичен интерес кај тамошната културна јавност како што тоа беше во Лондон. Но, годинава ќе имаме и други гостувања во странство, меѓу кои и престојот во Загреб каде на 1 јуни на денот на зачленувањето на Република Хрватска во ЕУ во „Народно Казалиште“ ќе ја изведеме претставата „Травничка Хроника“, истакна Светозарев.

Од битолскиот театар информираат дека претставата „Травничка Хроника“ од Иво Андриќ во режија на Бранко Брезовец во текот на месец март ќе биде посебно гледана и селектирана за неколку европски фестивали, за што во Битола ќе престојуваат нивните менаџери.

Инаку, оваа година Министерството за култура во рамки на националната програма ќе поддржи 4 премиерни претстави на битолскиот театар, а со сопствени средства и спонзорства ќе се подготват и други театарски претстави.

– Министерството за култура годинава финансиски ќе ги поддржи претставите „Тартиф“ од Молиер во режија на Сашо Миленковски, потоа „Хеда Габлер“ од Хенрик Ибзен во режија на Ѕвездана Ангеловска, претставата „Розенкранц и Гилденстерн не се мртви“ на авторот Том Стопард ќе ја режира Никита Миливојевиќ, а се подготвува и еден нов македонски текст за претстава што ќе ја режира Мартин Кочовски, истакна Валентин Светозарев, директор на НУ Народен театар-Битола.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска